Најчести женски грешки во сексот

Познавајќи ги мажите, жените секогаш претпоставуваат дека тие ќе го преземат првиот чекор кон сексуалниот одност. Но, монотонијата го убива дури и квалитетниот секс, па некогаш мора да сте свесни за вашата улога во заведувањето и морате да се запрашате што вие можете да направите за да ја запалите атмосферата.

Д-р. Џејн Грир, сексолог и семеен терапевт, смета дека жените често грешат на темата секс, а најчести се следниве грешки:

 

1. Удобна облека

Неразумно е да се дотеруваме за спиење, па веројатно секоја жена преферира да облече удобни пижами. Но, ако сметате дека немате доволно секс, запрашајте се: Колку е тоа привлечно и возбудливо за мажите? Одговорот е – ни најмалку.
Така, ако сакате да го зачините сексуалниот живот, сменете ги широките плишани пижами со мечиња со нешто пожестоко, привлечно, па пријдете му на партнерот.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

rooster_sexually_aggressive_women[1]

2. Пасивност

Не чекајте мажот да почне или да предложи секс. Заведете го, преземете го првиот чекор, изненадете го во најразлични ситуации и пози.
Нема да се покаете.

Naked+woman+straddling+man+in+bed[1]

3. Критика

Мора да ја избегнете по секоја цена. Ништо нема да го „олади“ побрзо од критика. „Ова не ми се допаѓа“ или „Немој така“ се забранети изрази. Наместо тоа, суптилно, па и отворено натерајте го да го прави она што ви се допаѓа. Дајте му патоказ и реагирајте позитивно кога ќе ја пронајде вистинската точка.

- Реклама -