Језовштини

Доколку имате деца, тогаш сигурно знаете дека нивните изјави понекогаш можат да ве шокираат.
Во тој контекст, 15 родители одговорија на прашањето: „Што е најјезивото нешто, кое сте го слушнале од детето?“

1. Кога имаше мојата ќерка 3 години, имавме мачка која што роди мртви мачиња. Мојата ќерка праша дали може да направиме крстови за нив, па си реков – ајде. Додека ги правев, разговорот течеше вака:

Таа: Зарем не се премали ксртовите?

Јас: Премали за што?

Таа: Па нема ли да ги бодеме мачките на нив?

Јас: (после неколку моменти тишина) Нема да го направиме тоа.

Таа: Ооо…

2. Го легнав своето двегодишно дете во кревет и му посакав добра ноќ, на што тој ми рече „Збогум тато“, одговорив „Не така, не збогум…се вели добра ноќ“, на што тој ми рече „Знам. Но, овој пат е збогум“.

3. Врати се на спиење, нема ништо под твојот кревет.

– Знам сега е зад тебе.

4. Мојата тригодишна ќерка застана крај својот новороден брат, го гледаше некое време, а потоа рече: „ Тато, тој е чудовиште…треба да го закопаме“.

5. Црврсто спиев и околу 6 наутро ме разбуди ликот на мојата четиригодишна ќерка крај мене. Ме погледна право во очи и ми прошепоти „ Сакам да ти ја излупам целата кожа“.

6. Мојата малечка помина низ фазата кога постојано говореше „hi“ (здраво), и тоа звучеше како “Hi hi hi hi hi hi hi”. Меѓутоа, еден ден тоа звучеше како die (умри). Значи “die die die die”. Правав „Што зборуваш ти?“, а таа полека се сврте кон мене и ми рече „Diiieeeeeee…”

7. Католичкото училиште во кое иде моето дете е старо повеќе од 100 години, и има подрум под салата за физичко, која служи како складиште. Еден ден го заменував професорот и една од топките се лизна низ скалилата. Мало девојче од оделението се стрча, застана на врвот на скалите и викаше „Само фрли ми ја“. Отидов до нејзе и ја прашав со кого разговара, на што таа ми рече? „ Со оној голем човек на дното на скалите“. Слегов и долу немаше никој, а немаше ниту еден друг влез.

Прочитајте и:  Психолог тврди дека строгоста не ги зајакнува децата: „Тоа е една од најчестите заблуди“

Прашав други деца дали го виделе тој човек порано и тие ми рекоа дека го виделе, но сестрата им забранила да зборуваат за тоа. Барав да ја опишат сестрата и ми опишаа калуѓерка, но во училиштето нема калуѓерки во последните 40 години.

8. „Мамо види што научив“  – и моето дете ми стави јазик во устата наместо бакнеж за добра ноќ.

„ Тоа го научив од филмовите, тоа значи дека сакаш некој!“ – станав без збор и заминав во својата соба.

9 . Неодамна се возев со автобус, па застана  на еден семафор пред болница. Мало девојче кое седеше до мене се сврте и ми рече: Смртта е доктор на сиромашните луѓе“.

10. Зошто плачеш?

– Онаму има лош човек.

-каде?

– Таму (покажува зад мене во темниот дел од собата).

Лампата која стоеше на полицата во тоа ќоше во истиот момент трепна и падна. Ќерката таа ноќ спиеше со мене и со сопругот во креветот.

11. „ Значи не треба да го фрлам во огнот?“ – Мојата тригодишна ќерка која за прв пат го држеше својот брат во рацете.

12.  Мојата сестричка седеше на каучот со чуден израз на лицето. Мама ја праша на што размислува, а таа одговори „Замислувам како ме прекриваат бранови од крв“.

На крајот излезе дека децата биле во посета на локален природно-научен музеј, и дека изложбата содржела џиновски крвни садови, па таа само се потсетувала.

13. Мојот син се галеше со баба му и беше многу сладок ( во тоа време околу 3 години). Во еден момент, го допре лицето на баба му со своите мали раце, се приближи кон неа и и рече дека е многу стара и наскоро ќе умре. Потоа, за да ја нагласи поентата, започна да гледа на саат.

14. Мојот најмлад син на пет години нацрта слика на црно чудовиште, погледна кон мене и ми рече „ Тој ми рече да го нацртам. Доаѓа по тебе. Подобро сокриј се“.

15. Ова место ви го оставаме вам. Која е најмногу  језивата работа која сте ја слушнале од вашето дете?

- Реклама -