Неговите очи светат во темница, како и на секоја мачка, но исто така и неговите уши, лице и јазик… запознајте го Mr Green Genes – првата мачка што свети во темница. На дневна светлина тој е како и сите други мачори, но ставете го во темна соба и на ултравиолетово светло и неговото лице ќе засвети зелено.
Неговите очи светат во темница, како и на секоја мачка, но исто така и неговите уши, лице и јазик… запознајте го Mr Green Genes -првата мачка што свети во темница. На дневна светлина тој е како и сите други мачори, но ставете го во темна соба и на ултравиолетово светло и неговото лице ќе засвети зелено.
Научниците ја модифицираа DNK – та на шест месеци стариот мачор за да откријат дали може да се смени генетскиот состав без последици, што би било алтернатива во лекувањето на некои болести.
За да го следат генот кој беше додаден во генетскиот состав на мачорот научниците одлучија да користат таков кој свети под ултравиолетова светлина. Конкретно, се работи за флоуресцентно зелен протеин, кој се манифестира како видлив на некои специфични места – во случајов делот кај устата и ушите на мачето. Научниците кои го открија овој светлечки ген кај еден вид на медуза добија Нобелова награда за тоа.
Генот што му беше „додаден“ на мачорот со име Mr Green Genes од New Orleans, САД, нема да има никаков негативен ефект врз неговото здравје.
{youtube}ek9qkadwfDg{/youtube}