Имате спална соба која е доста мала, а во неа протребни ви се брачен кревет и плакар, а никој не знае да ви даде концептуален дизајн.
За соба со димензии 4,10×2,70 и покрај мебелот е влезот со иста дијагонала со прозорците, е навистина најдобро решение, но не е и единснтвено.
Меѓу понудените варијанти имате многу опции да изберете идеална за Вас или да комбинирате нова, а тука е и галеријата да ви помогне да се одлучите.
Значи идејата е плакарите да се одвојат од креветот, а тоа значи:
а) да ги сместите на западниот ѕид како висечки плакар (а креветот на јужниот ѕид)
б) со висечкиот плакар комбинирајте пониска комода (креветот е на јужниот ѕид)
в) плакарот сместете го на северниот ѕид, а над радијаторот ставете маса (креветот е на јужниот ѕид)
г) креветот подигнете го едно ниво погоре, и под него сместете полици за складирање облека (креветот е на јужниот ѕид)
д) со влезот на плакар-собата ја ослободувате собата од истиот (креветот е на истичниот ѕид)
ѓ) до влезот поставете до плакарот во „L“ или по должина (креветот е на северен ѕид)