Променете ја оваа навика и килограмите ќе започнат да се топат

Доколку вашите оброци најчесто се сведуваат на пециво кое го јадете додека пешачите, или внесувате разни видови на грицки во вашиот органзам додека гледате телевизија или седите пред компјутер, тогаш време е да ги промените навиките.

За да бидете витки, најновите истражувања покажуваат дека освен здравата исхрана важен е и начинот на кој ја конзумирате храната, но и времето. Луѓето кои секогаш јадат во исто време, внесуваат и по 120 калории помалку од оние кои ги прескокнуваат оброците. Почитувањето на часовите гарантира и брзо трошење на калории.

Доколку појадокот, ручекот и вечерата ги конзумирате секој ден во приближно исто време, организмот создава навика да произведува инсулин во одговарачки количини, како и хормонот кој го регулира чувството на глад.

На тој начин го спречувате циклусот на изгладнување и прејадување, а организмот рамномерно добива и троши калории. Кога ќе воспоставите рамнотежа во исхраната, ќе започнете да губите килограми и без никаква диета.

- Реклама -