Доколку вашите нокти се кршат, пукаат или се разлистуваат, голема е веројатноста дека ви недостига некој витамин или минерал, или дека на вашите нокти им е потребна дополнителна нега. Прочитајте неколку совети кои можат да ви помогнат во тоа да ги направите вашите нокти поцврсти и поздрави.
Маслиново масло
Еднаш во седмицата натопете ги ноктите во маслиново масло, и оставете ги така околку 20 минути. После овој третман избришете ги и премачкајте ги со хранлива крема за нега на нокти.
Направете сами масло за нега на нокти
Во неколку лажички маслиново или бадемово масло истурете 10-на капки рицинусово масло. Тоа го поттикнува растот на ноктите и вешто ја негува кожата околу нив. Смесата префрлете ја во стаклено шишенце и премачкувајте ги ноктите со неа секој пат кога ќе го менувате лакот.
Направете подолга пауза од лакирањето
Еднаш или повеќе пати месечно направете пауза од лакот за нокти и средствата за негово отстранување. Вака, вашите нокти полесно ќе се обноват и ќе заздрават (а особено доколку во истиот периот ги негувате и промените лошите навики во исхраната).
Направете витаминско-минерален тест
Ваквите тестови можете да ги направите во подобро подготвените аптеки, но и кај вашиот доктор. Доколку ноктите ви се луштат, постои голема веројатност дека ви недостига некој витамин или минерал. Со внесување на потребните витамини и минерали, вашите нокти повторно ќе „заживеат“.