Јапонски специјалитети од инсекти

Повеќе... Инсектите се дел од Јапонската кујна со векови како храна преферирана од високите слоеви во јапонското општество. Покрај суши – то, на јапонската трпеза се сервираат и овие традиционални специјалитети од локални инсекти.

Инсектите се дел од Јапонската кујна со векови како храна преферирана од високите слоеви во јапонското општество. Покрај суши – то, на јапонската трпеза се сервираат и овие традиционални специјалитети од локални инсекти.

За оние што самата помисла за дегустирање на инсекти не му изгледа баш (ни најмалку) привлечно, треба да се напомене дека овие традиционални јадења со инсекти се куриозитет на некои ресторани на традиционална јапонска храна и се егзотични и за поголемиот дел современи Јапонци кои никогаш не ги пробале во нивниот живот. Значи, оние што планираат да отпатуваат во Јапонија нема да бидат принудени (доколку не сакаат) да пробаат како дел од локалната кујна:

Ларви од оси

bee-larvae1-710717.img_assist_custom.jpg

 

Осите всушност содржат најголем процент на протеини од сите други инсекти – 81%. Споредете го ова со околу 20% протеини (колку што се внесува во организмот) од еден стек. Ларвите или hachi-no-ko на јапонски се традиционална храна во  внатрешноста на Јапонија, далеку од морскиот брег. Се подотвуваат со соја сос и шеќер, и имат вкус на нешто „малку благо и крцкаво“.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Колачи од оси
 
digger-wasp-rice-crackers.img_assist_custom.jpg

Осите се подотвуваат во колачи во јапонскиот град Omachi. Дури постои и клуб на љубители на „осечки“ колачи. Нивниот претседател, прашан каков е вкусот на колачите, одговорил дека „имаат вкус на пилешко“. 

Ларви
 
zazamushi.jpg 

Додека колачите од оси се локален специјалитет во Omachi, овие zaza-mushi ларви можат да се најдат конзервирани или свежи насекаде низ продавниците во Јапонија, дури се продаваат и на интернет. Zaza-mushi се приготвуваат со соја сос и шеќер, а имаат вкус, па… на соја и шеќер.

Скакулци
 
inago.jpg
Скакулците ( inago ) се најчести и најпреферирани во јапонската инсектоидна кујна. Се приготвуваат – сигурно погодувате- со соја сос и шеќер.
 
Ларви од свилени буби
 
silkworm001.img_assist_custom.jpg

Sangi, се варени па поховани ларви од свилени буби. Всушност, варењето е дел од процесот на вадење на кожурецот од кој се прави свилата, па зошто залудно да се троши и остатокот од ларвата, кога од него може да се направи (вкусна?) храна. Овие ларви се конзумираат во Јапонија, Кореа и Кина. На сликата е чинија ларви во еден ексклузивен (читај:скап) ресторан во Пекинг.

- Реклама -