Според зборовите на авторот на книжевниот серијал „Игра на престоли“, Р.Р. Мартин серијалот би можел да се најде и на филм.
Мартин, според чија што книга се снима HBO хит серијалот „Game of Thrones“, на премиерата од четвртата сезона на популарната серија пушти сомнеж дека во иднина серијата би можела да се најде и на големото платно.
Тој ја спомена и можноста за spin off базиран на книгата „ Tales of Dunk and Egg“, триологија сместена во Westeros 90 години пред настаните од „Играта на престоли“, објави Гардијан.
„Тоа би можело да биде основа за филм. Напишав и многу други приказни“, објаснува авторот.
Тој додава дека серијата морала да има голем буџет доколку нејзиниот завршеток се пресели на филм.
„ Се зависи од тоа колку серијали ќе прикажуваме. Сакаме ли тоа бидат седум години? Или осум? Или можеби 10? Книгите се обемни. Нормално и змејовите стануваат се поголеми“, објаснува Мартин.