Microsoft наскоро ќе овозможи корисниците на iPad да го употребуваат софтверскиот пакет Office за уредување на документи во програмите како Word, Exell, Power Point и останатите.
Според Сатја Надела директорот на Microsoft на овој потег се решиле откако утрдиле дека постои огромен интерес кај iPad корисниците за Office пакетот. Се очекува на 27 март посебната Microsoft Office iOs апликација за iPad да биде достапна за превземање, но не е познато дали ќе се наплаќа и по која цена.
Сепак, многумина сметаат дека Microsoft задоцни со оваа одлука бидејќи корисниците на iPad веќе имаат огромен избор на апликации за уредување на документи, а голем дел од нив се бесплатни и едноставни за користење. Се проценува дека Microsoft можел годишно да заработи околу 2.5 милијарди долари од примената на Office пакетот за iPad, но сега е веќе доцна за вака висок профит.
Teкстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk