Истражувањето кое траело повеќе од 20 години, откри што точно чувствуваат мажите, а што жените по првиот сексуален однос.
Со текот на годините, разликите биле намалени, а некои работи се сменети кон подобро.
Научниците од Државниот Универзитет во Илиноис спроведе истражување на своите студенти од 1990 година до 2012 година. Испитаниците биле анонимни и учествувале доброволно. Прашалниците ги пополниле 96 проценти од студентите на возраст од 18 и 21 година.
Анкетата била во врска со сексуалноста, односно за тоа што и како испитаниците се чувствувале по првиот сексуален однос.
Резултатите покажале дека мажите по нивниот прв однос почесто од жените чувствувале вознемиреност и задоволство. Жените најчесто се чувствувале виновни. Друго истражување покажа дека жените често се жалат дека ја изгубиле невиноста со погрешна личност.
Но, со текот на времето, работите се променија. Со оглед дека истражувањето траело повеќе од 20 години, научниците имаат забележано дека во последно време работите се промениле. Повеќе не постои голема разлика во машко-женските чувства по губењето на невиноста. Забележано е дека драстично е намалено чувството на вина, и дека девојките често чувствуваат задоволство.