Цветен кревет од хартија

„Folding for Peace“ е необична цветна градина целосно изработена од бела хартија. Оваа креативна уметничка форма се наоѓа во Нагасаки, Јапонија, а на неа работеше шведскиот дизајнер Анук Вогел.

Централно место во оваа градина зазема цветниот кревет од хартија. Направен е од голем број лажни цветови поставени во кружен облик. Цветовите се издигнивуваат високо во зелената позадина од трева, со што создаваат живописна и меланхолична атмосфера.

Инспирирана од јапонската легенда која им гарантира добра среќа и здравје во животот на сите што, замислувајќи си желба, ја практикуваат вештината на оригамите, оваа надворешна инсталација претставува желба за мир во светот. Иако оваа благородна идеја е малку тешко да се постигне со цветови од хартија, сепак уметничката градина создава чувство на мир и спокој меѓу човекот и природата.

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

- Реклама -