Таканаречениот „Супер 7 зелен сок“, е составен од 7 ултра здрави намирници, кои заедно сочинуваат вистинска витаминска бомба полна со хранливи влакна. Зелениот сок е одличен начин за да го започнете денот, а она што ви е потребно за да го направите е:
Состојки:
– 2 шолји бадемово млеко
– 2 лажички мед
– 1 банана
– 1 портокал
– 1/2 шолја малини
– 5 јагоди со средна големина
– 3 шолји со листови свеж спанаќ
– 2 шолји полни со коцки лед
Подготовка:
Убаво измијте ги сите состојки, излупете ги и ставете ги во блендер. Матете додека се не се сомелат и соединат намирниците, и послужете веднаш, свежо и ладно.
Совет:
Немојте да користите соковник, бидејќи со соковникот се губи значаен дел од влакната.