На оваа фотографија на прв поглед гледаме папагал на дрво, со искривен клун, шарени перја и остар реп. Но, доколку погледнете повнимателно, ќе сфатите што навистина има на фотографијата. Се уште мислите дека е папагал? Грешите.
Креирањето на овој феноменален body painting траеше цели четири седмици. Авторот е поранешен шампион во bodypainting, 35-годишниот Јоханес Стотер.
На прв поглед она што го гледавме беше само еден обичен тропски папагал, меѓутоа, покрај останатите фотографии кои илустрираат како била направена оваа композиција, станува јасно дека сме „жртви“ на генијална илузија.
Оваа девојка е насликана толку веродостојно, што дури ниту откако ќе ви кажат дека тоа на сликата не е папагал, тешко е да ја согледате реалноста.