Татко за восхит: Секој ден пешачи 30 километри со синот-инвалид на грб, за да го школува

За родителите, децата се најголемо богатство. Тие би жртвувале се за нив. Во денешното време на удобности, понекогаш забораваме до кои граници може да достигне родителската љубов.

Во Јибин, Кина, живее еден прекрасен човек и татко за восхит. Ју Ксуканг секој ден го носи својот 12-годишен син во училиште. Ех, голема работа… Само што, момчето има траен инвалидитет и не може да се движи, најблиското училиште е на малку повеќе од 7 километри оддалеченост а во реонот не постои никаков превоз. Така, таткото поминува 30-тина километри дневно, носејќи го синот на плеќи (буквално), само за да му овозможи подобри шанси во животот.

Момчето има физичка состојба во која рацете и нозете му се свртени наназад, а грбот му е згрбавен. Повеќе од доволно фактори кои би го оставиле назад зад останатите деца, ако не е неговиот татко тука за да се грижи за него.

yuxukang_3[1]

Инаку, Ју има 40-години и се развел со сопругата пред 9 години. Сам се грижи за синот, а кога не го носи или враќа од училиште, работи секакви работи за да спечали некоја пара.

„Станувам секое утро во 5 часот, спремам доручек за синот да појадува, пешачам 7 километри до училиштето, а потоа се враќам овде за да работам… Знам дека мојот син е инвалид, ама затоа мозокот му е здрав… Иако има 12 години, тој е висок само 90 сантиметри. Сепак, јас сум горд што тој веќе е најдобар во класот и знам дека ќе постигне големи нешта“.

yuxukang_4[1]

Нивната приказна допре до срцата на многумина, а стигна и до кинеската влада, која вети дека ќе им изгради куќа поблиску до училиштето, за да му го олесни товарот на овој неверојатно посветен татко.

- Реклама -