Жените треба само две минути да дишат во апарат кој потоа го анализира нивото на хемикалии во здивот, и покажува дали има некои знаци на рак на дојка или не.
Тестот е одобрен од Европската комисија.
Мамографијата наскоро би можела да се замени со нов и безболен метод на тестирање на рак на дојка, велат американските истражувачи од Факултетот за медицина во Њујорк и фирмата Menssana Research. Тие го имаат развиено „The BreathLink“, 10-минутен тест на дишење кој реагира на туморни клетки, пишуваат американските медиуми.
Жените треба само две минути да дишат во уредот кој потоа седум до осум минути ги анализира разликите во хемиите во здивот и покажува дали има знаци на рак на дојка или не.
Овојј начин на тестирање е еднакво точен како и ренгенските зраци кои се користат во вообичаеното тестирање. Научниците сметаат дека би можеле да се намали непотребната изложеност на опасното зрачење и болната мамографија. Тестот е одобрен од Европската комисија и веќе се продава во Европа.
– Резултатите од истражувањето потврдија дека ако резултатите од здивот се негативни, веројатноста дека жената нема рак на дојката изнесува 99,9 проценти. Предноста е во тоа што жените нема да имаат потреба да се изложуваат на опасните Х-зраци и на болна мамографија- тврди пронаоѓачот на тестот, д-р Мајкл Филипс.
Иако се потребни понатамошни истажувања, постои надеж дека тестот на дишење може да стане тест како замена на крвната анализа и урината, додаде тој.