Средновечната Американка носи во чантата предмети во вредност од 284 фунти, покажува најновото истражување. Иако 3% од британците признаваат дека имаат над 100 чанти, повеќето користат не повеќе од 8. Повеќето дами немаат ништо против тоа луѓето да видат што има во чантата, но една четвртина сметаат тоа за недопустливо.
Само 39% од мажите имаат храброст да ѕиркаат во чантата на партнерката. Иако повеќето Британки носат со себе нешта кои им требаат во секојдневниот живот, како телефон, паричник, бележник и шминки, некои признаваат дека во чантата имаат прилично чудни предмети. Меѓу најчудните работи во една чанта се топчињата крзно од умрена домашна мачка, вуду кукла и … компири.
Откривани се и играчки, парче јаглен и шише за алкохол.
Жените посветуваат во просек по 39 фунти за една чанта, а 20% даваат повеќе од 200 фунти. 35% од жените не сакаат да имаат дизајнерска торба. Една четвртина изјавиле дека користат дизајнерска торба во секојдневниот живот. Најчестиот бренд на чанти е Mulberry, следни се Louis Vuitton и Prada.