Околу нашата планета кружат голем број различни предмети, вклучувајќи и опасен вселенски отпад и сателити кои се уште се во функција.
Поради тоа научниците, без малку се опседнати и постојано имаат креативни идеи за тоа како да се расчисти ѓубрето.
Научниците од Австралија предложиле отпадот да се уништи со ласер, а Европската вселенска агенција минатиот месец ја предложила мисијата „ДеОрбит“ која би го заробила отпадот со помош на мрежа или харпун.
– Со децении, лансирањето на се и сешто ја оставило Земјата опкружена со вселенски отпад. Има повеќе од 17 илјади објекти кои може да се следат, поголеми од шолја за кафе, кои ја загрозуваат работата и научната мисија, а можат да доведат и до катастрофален судар. Дури и предмет со пречник од само еден сантиметар може да удри со сила на граната, тврдат стручњаците од Европската вселенска агенција.
Американската агенција НАСА исто така тврди дека овој вселенски отпад претставува ризик за безбедноста на луѓето на Земјата. Во САД проценуваат дека секој ден на Земјата паѓа по едно парче вселенски оптад. Се уште нема прецизен извештај за повреди и за оштетувања на имот поради вселенски отпад.