Пет причини да јадеме марула

Со доаѓањето на пролетта зелената салата се враќа на менито. Вкусна, свежа и преполна со витамини и минерали…

Погледнете кои се 5-те причини да јадеме салата.

Зелена салата е богата со витамини, особено со витамин Ц.  Ова ја прави особено погодна за пролетната сезона, кога имунитетот ни е послаб по зимата. Покрај тоа зелената салата помага за прочистување на цревата од згури кои често се формираат при нездрава исхрана и зголемена потрошувачка на мрсно месо. Ако сте решиле да се подложите на пролетна детоксикација, не пропуштајте да вклучите зелена салата во менито.

Богата на целулоза

Зелената салата е богата со целулоза. Затоа е многу ефикасна при нередовна столица. Ако имате запек, во рамките на еден ден јадете ги само внатрешните листови на зелената салата во комбинација со јаболка . Желудникот ќе закрепне до крајот на денот.

Совет: Накиснете ги листовите на марулата барем за 15 минути во ладна вода, пред да ги исецкате за салата. Така ќе паднат хемикалиите, останати по површината на лисјата

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Висока содржина на железо

Зелената салата содржи големи количини железо . Затоа е погодна за луѓето кои страдаат од анемија.

Таа е соодветна замена на прехранбените адитиви со железо од две причини. Прво е природен извор на железо и не внесува во организмот вештачки материи и хемикалии. Второ така усвоеното железо се апсорбира многу побрзо до организмот.

marula-marulq-vilica-noj-103571-500x0

Помага при несоница

Голем број студии покажале дека зелена салата има успивачко дејство.  Затоа салатата со марула ќе ви помогне да се справите со немирот пред спиење. Друг плус на зелена салата е дека заситува, без да создава чувство на тежина во стомакот. Дури да одлучите да изедете салата со марула пред спиење, тоа нема да влијае на сонот.

Богата со растителни влакна

Високата содржина на влакна и вода во зелена салата е друга причина зелената салата да учествува во речиси секоја диета. Редовното консумирање на марула го зајакнува  метаболизмот.

- Реклама -