Наскоро пристигнува обновениот Тоyota GT – 86

Toyota GT 86, кој се продава во Америка како Scion FR-S, најверојатно ќе биде малку обновен веќе до крајот на оваа година. Причината за ова е желбата на јапонскиот производител да го задржи високиот интерес кон автомобилот.Досега се продадени над 100.000 примероци од моделот, кој беше лансиран пред неполни три години, низ целиот свет, што го вбројува GT-86 во еден од најуспешните спортски автомобили во историјата на Toyota. Главниот инженер кој го создаде автомобилот, Тецуја Тада, објави неодамна дека „спортските автомобили би било пожелно да се обновуваат секоја година “. Коментарот доаѓа по стотици желби од фановите по повод роденденот на Тада.

Големите автомобилски медиуми веднаш ја продешифрираа оваа изјава како сигурен знак за дотерување на GT-86. Се зборува и за турбо верзија, но сето тоа останува во зоната на шпекулациите – засега нема официјална потврда од Toyota.

- Реклама -