Колку чоколадо јадат Македонците?

Околу 22 илјади тони чоколадо, бонбони, вафли и други слатки производи годишно јадат македонските граѓани, покажуваат податоците на Стопанската комора на Македонија.

Половина од чоколадите се увезени  – годишно увезуваме 11.000 тони слатки производи, додека уште толку се произведуваат во земјава.

Според податоците на Стопанската комора на Македонија, во 2013 година од земјата извезени се кондиторски производи во вкупна вредност од 34,1 милиони долари, што е за 19% повеќе споредено со 2012 година, кога извозот на кондиторски производи изнесуваше 28,7 милиони долари.

Во исто време увозот минатата година изнесува 10,7 милиони долари и е намалување од 14% споредено со 2012 година. Ова покажува дека освен што се зголемува извозот, домашните кондитори постепено ги истиснуваат странските производители и на домашниот пазар.

 

- Реклама -