НАСА објави награди во износ од 35 000 долари за цивилни научници кои ќе успеат да развијат подобрени алгоритми за идентификување на астероиди , соопштуваат од Агенцијата.
Натпреварот се одржува во партнерство со компанијата Planetary Resource и ќе биде прв од серијата натпревари, почнувајќи од 17 март. Пред стартната дата учесниците можат да создадат профил на страницата на натпреварот и да научат повеќе за правилата.
Предизвикот пред ловците на астероиди е да развијат значително подобар алгоритм за идентификување на астероидите фотографирани од земните телескопи. Целта е да се намали бројот на лажни позитивни резултати, како и да се пребродат несовршеностите на податоците.
„За да се спречи опасноста од судир со астероиди, најнапред треба да знаеме каде се тие”, вели директорот на програмата за награди и конкурси на НАСА, Џен Гастетик.
„Отворајќи го овој конкурс, ние собираме цивилни научници од целиот свет за решавање на овој глобален предизвик”.