Деветгодишно девојче се дружи со 30-тина змии

Девет годишната Криста Гуарино од Мичиген живее со 30 змии меѓу кои има анаконда и питон.

Таа јаде, спие и си игра со нив. Иако милениците повеќе пати ја каснале таа вели дека не ја болело и дека тие не се отровни.

– Никогаш не сум се плашела од змии. Ги обожувам, рекло девојчето. Таа многу мала се сретнала со нив бидејки нејзиниот татко Џејми (33) е експерт за змии. Криста првата змија ја држела во рака кога имала две години.

– Змија беше еден од нејзините први зборови. Иако беше многу мала знаев дека змиите ке бидат нејзина страст, рекол гордиот татко.

- Реклама -