Проектот на одличната фотографија ги покажува балетски уметници насекаде освен на сцената.
Веќе 12 години, фотографот Дејн Шитаги фотографирал балерини во необични средини како што се водопадите во Хаваи, пожарни скали во Менхетен или во трамвај во Торонто.
Тој сега има собрано над 1000 слики од силни и грациозни балерини за проектот „The Ballerina Project“ позирајќи секаде освен на сцената.
Необременети од улоги да изведуваат, шминка или костуми, танчерките позираат со лабаво распуштена коса и едноставни фустани, покажувајќи ги своите пози во спокојство и без напор иако грубите гратски улици се наѕираат околу нив.
„Секоја фотографија е заедничка работа на танцот, модниот дизајн и фотографијата одиграна против пејсажот на градот“, рекол Шитаги.
Тој работел со професионални балерини, некои пензионирани а некои во моментов се на врвот во најдобрите балетски компании, и прави околу 40 слики со танчерки годишно.
„The Ballerina Project“ е еден од најпопуларните сајтови за фотографија поврзани со танцот на интернет- на Инстаграм профилот мпоментално имаат речиси 240.000 претплатници, на Фејсбук профилот речиси 800,000 лајкови и на Tumblr профилот ги има сите најнови слики.