Жените претприемачи од регионот, на работна конференција за 8 ми Март

Овој викенд во Загреб, по повод одбележувањето на Светскиот ден на жената, регионалната организација Invest for The Future која го третира прашањето за женското лидерство, поддржана од State Department – от од Вашингтон, оддржа регионална конференција на тема: успех. 

На тродневната конференција се постигна вмрежување на повеќе од 100 жени претприемачи од 12 земји меѓу кои: Русија, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска, Британија, Молдавија. Овој настан го поддржа и градот Загреб и министерството за претприемништво на Хрватска.

Македонија активно партиципира во овој проект преку организацијата Македонска мрежа на ментори, поддржана од Американската Амбасада во Скопје.

Делегатите на конференцијата одбраа да го одбележат 8 ми Март, Светкиот ден на жената работејќи на свеста на жената за поттикнување на нејзиното активирање и учество во бизнисот. Клучната порака на конференцијата е дека женското претприемништво не е прашање со родова, туку со економска природа.

iftf5 iftf4 iftf3 iftf2 iftf1

- Реклама -