Зарем има некој што е во состојба да одбие вкусна палачинка?
Палачинките се едни од најуниверзалните јадења, прифатени во секоја кујна, подготвени на различен начин и со многу додатоци.
Ако патувате низ светот и нарачате палачинка, погледнете како изгледа.
САД и Канада: Палачинки со путер и мед
Австрија: Парчиња палачинки со суво или свежо овошје
Австралија: Палачинка со џем и слатка павлака
Кина: Солени палачинки
Источна Европа: Палачинки со овошен прелив и шеќер во прав
Англија: Палачинки со шеќер и лимон
Франција: Палачинка со мед и ореви
Грција: Палачинка со мед и грчки јогурт
Мексико: Торта од палачинка со сос по желба
Холандија: Палачинка со шеќер во прав, шумско овошје и сок од лимон
Русија: Дебели палачинки од слатко тесто со свежо овошје
Шкотска: Палачинки со мед и банана
Јужна Африка: Палачинки со сладок бел крем и додаток по желба