Објавена последната песна на Витни Хјустон (видео)

Деновиве на Интернет се појави последната песна на покојната пејачка Витни Хјустун, дуетот со победничката на Американскиот идол, Џордин Спаркс.

Станува збор за нумерата „Celebrate“, што ја продуцираше Р. Кели за филмот „Искра“ (Sparkle), чија премиера во светските киносали е закажана за 17 август. Песната е снимена само неколку денови пред ненадејната смрт на поп дивата, која почина во февруари на 48-годишна возраст.

„Celebrate“ е песна со брзо темпо и со примеси на диско, која шири позитивни вибрации со певливиот текст. На крајот на песната, Спаркс додава посвета на покојната поп дива, пеејќи „те сакаме Витни“.

{youtube}KRAlO1Qiqwc{/youtube}

- Реклама -