Холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер беше гостин во една канадска кулинарска емисија каде подготвувал несекојдневен оброк.
80.000 калирии значи дека обичниот човек може да се храни 40 дена. Меѓутоа, за Арнолд тоа е само обична голема храна.
Некогашниот гувернер на Калифорнија и холивудскиот актер беше гостин во канадска емисија за готвење “Epic Meal Time” и заедно со екипата на оваа емисија направил високо калоричен оброк, и тоа ни помалку ни повеќе на тенк.
Набрзо, Шварци и нговиот тим започнале со подготовка на гигантскиот сендвич, каде е искористен леб од 9.940 калории, а потоа и сирење од 13.125 калории, 32.215 калории сланина, јајца од ној и некои други состојки. На крајот, целиот оброк имал вкупно 78 583 калории и 4,172 масти.
– Сендвичот ќе биде толку месест што дури и слаб човек ќе го расплаче- рекол Арнолд.
Погледнете го Шварци и неговиот сендвич: