Летаат искри: Српската црква ги присвои останките на Никола Тесла

Позлатената сфера што ги содржи останките на големиот Никола Тесла, стои во Белградскиот музеј повеќе од половина век, но сега, официјалните лица на црквата успешно ја притиснаа владата за да ги премести останките во црквените дворови.

Тесла помина најголем дел од животот во САД, каде што дојде до безброј научни иновации, од кои многу изгледаат како научна фикција дури и во денешно време. По неговата смрт во 1943-та, пепелта на Тесла беше пренесена во татковината, а иконската урна поставена во музејот што го носи неговото име. Таа стана симбол на неговата посветеност на науката, но сега, под притисок на православната црква, српската влада даде дозвола златната сфера да биде пренесена во рамките на Свети Сава, најголемата православна црква во Србија.

teslabulb[1]

И покрај приговорите од научните групи што истакнуваат дека Тесла никогаш не бил религиозен човек, преместувањето е закажано за во Јули. Потегот веќе е одобрен, но сепак, еден куп групи се борат против ваквиот чекор, меѓу кои и Фејсбук групата „Leave Tesla Alone“, која собра 30.000 фанови чиј став е дека Тесла припаѓа во музеј, а не во мавзолеј.

- Реклама -