Мангото не е многу застапено на нашите простори, но секако вреди да се потрудите да го најдете. Не само што е вкусно, туку е и исклучително здраво за организмот. Еве неколку причини поради кои треба почесто да го јадете:
- Мангото има само 103 калории.
- Едно манго содржи 75% витамин Ц, што значи дека е одличен антиоксидант и го поттикнува имунитетот.
- Содржи 24% витамин А, исто така добар антиоксидант, а го подобрува и видот.
- Содржи 12% витамин Б6, што стимулира лачење на хормонот во мозокот, но и ги спречува болестите на срцето.
- Содржи 10% пробиотски влакна.
- Содржи 8% бакар, многу важен во создавањето ензими и црвени крвни зрнца.
- Содржи 8% калиум, кој го урамнотежува високото ниво на натриум кој го внесуваме со исхраната.
- Содржи 5% магнезиум.
- Спречува формирање на канцерогени клетки.
Антиоксидансите во мангото го чуваат организмот од рак на дебелото црево, рак на дојката и простатата, како и од леукемија.