Новиот седан на Jaguar ќе се вика XE

Jaguar објави дека новото засилување во портфолиото на брендот, седан од средната класа со уникатен за сегментот алуминиумски монокок, ќе се вика XE.

Со XE од Jaguar имаат единствена желба – да понудат најмодерен, ефикасен и елегантен спортски седан во класата, кој ќе се потпира врз истата алуминиумската архитектура, која ја видовме за првпат кај концептната разработка C-X17.

Паралелно со името на својот нов спортски седан, од Jaguar ги објавија и првите детали и за новото семејство агрегати, кое ќе се вика Ingenium. За прв пат овие мотори ќе бидат интегрирани во XE, а во комбинација ќе бидат четири бензински и дизел варијанти. Комплетната гама мотори Ingenium ќе гарантира висока ефикасност и можност за развивање на брзина од над 300 km/h и нивоа CO2 емисии од под 100 грама на километар.

Серискиот Jaguar XE ќе биде претставен подоцна оваа година, а глобалното лансирање е планирано за средината на следната година.

- Реклама -