Aмерикански научници ja открија врската меѓу дебелината на церебралниот кортекс и коефициентот на интелигенција.
Во текот на две години експертите истражувале 188 деца. Тие биле подложени на магнетна резонантна томографија и станало јасно дека колку е подебела мозочната кора, толку повисоко е IQ-то.
Научниците откриле дека IQ-то не е постојано и зависи од промените во анатомијата на мозокот.
Причина за промената на коефициентот на интелигенција сепак сеуште не е целосно одгатната.
На неговиот развој може да влијаат други фактори како хранење и едукација, наведуваат експертите.