365 афоризми за животот и македонското секојдневие

Горан Јанкуловски познат како Стиховен Калибар ја објави нoвата книга, збирката афоризми “Стихија”. Книгата содржи 365 афоризми и читателите можат бесплатно да ја симнат од интернет.

Не навлегувајќи во мотивите на неговата борба со лицемерието, користољубието, полтронството, глупоста, парадерството, хипокризијата…се евидентираат стожерите на неговото творечко ангажирање. Без и малку респект кон чиновите, лицата и настаните, морално ги осудува и жигосува работите на свој дрзок и принципиелен начин.

 

Покрај Стихија, Стиховен Калибар досега ги има објавено Збирка мудрости и афоризми“, книгата со урбаната тематика, „Двоглед“ како и стихозбирката ,,Проклетници“.

Книгата можете да ја погледнете и симнете на следниот линк.

- Реклама -