Škoda најави дека во комплексот на Volkswagen во Калуга почна производството на моделот Rapid. Продажбата на автомобилот ќе започне во Русија на крајот на април.
Од Škoda коментираат дека Rapid е идеален избор за локалните потрошувачи – компактен модел со многу простор, максимална функционалност и најсовршени индикатори во однос на безбедноста и односот понудата цена. Од промоцијата на Rapid на пазарот во 2012, до моментов во целиот свет на клиенти се испорачани околу 130.000 претставници. Вкупната реализација на брендот во Русија минатата година, пак, била 87.500 автомобили, а вкупната на Škoda за 2013 е на ниво од 920.800 единици.