Најчудните автомати на светот

panties59548138.img_assist_intro.jpg Автоматите денес ги има скоро секаде, работат 24 часа и од нив можете
да купите чоколади, пијалаци, сендвичи и слично. Сепак, не сите
продаваат обични производи, а најдобро тоа може да се види во домот на
автоматите:Јапонија.


Автоматите денес ги има скоро секаде, работат 24 часа и од нив можете да купите чоколади, пијалаци, сендвичи и слично. Сепак, не сите продаваат обични производи, а најдобро тоа може да се види во домот на автоматите:Јапонија.

Тоалетна хартија

Да така е. Ако некој се срами дека треба да оди во WC, подобро е да си носи хартија од дома.
toiletpapervendingmachine.jpg

Марихуана

Каде? Калифорнија. Марихуаната се користи само за медицинска употреба и можете да ставите неколку парички, по што ќе излезе кеса со „тревка“. Автоматите се сместени во посебни простории, чувани од вооружени лица. За да ја користите треба да закажете со докторот, да ви земат отисок од прстите и секако да имате рецепт. Комплицирано!
marijuana2048.jpg

Чадори

Нема веќе досадни продавачи кои ќе ви земат мало богатство за еден обичен чадор само затоа што врне. Вакви автомати има во Лондон, а нивното поставување се покажа како практично.
umbrella1x.jpg

Користена женска долна облека

Да да, ова следеше! Најпопуларни се гаќичките носени од средношколки. Овој автомат опстојуваше неколку години во… Јапонија.
panties59548138.img_assist_custom.jpg

Јајца

Омлет во 2 по полноќ? Со овој автомат нема да имате проблем да го зготвите и тоа. Фармерите во Јапонија ја полнат секој ден, така што јајцата се свежи и безбедни за јадење. Можеби треба малку да поработат на пакувањето, бидејќи јајцата се во кеси, а не во кутии!?!?
eggmachine.jpg

Книги

Кога ќе размислите, автомат е всушност паметна машина. Ако сте заглавени на аеродром, железничка станица или слично, еве како паметно да го искористите времето. Иако изборот е можеби мал, сепак знаете како велат:„не судете за книгата по нејзините корици“.
bookvendor.jpg

- Реклама -