Милиони литри каскадна вода се замрзнати од горчливо ниските температури.
По втор пат од поларната зима која го зафати североисточниот дел на САД, Нијагарините водопади запреа со шест милиони кубни метри вода, кои во нормални услови паѓаат секоја минута.
Протокот на вода вообичаено може да ги издржи ледените температури, како оние кои го замрзнаа поголемиот дел од земјата оваа зима, но во понеделникот била измерена највисока температура од -13 степени целзиусови, која ги доведе Нијагарините водопади до застој- и фотограферите беа таму да направат воодушевувачки фотографии од замрзнатите водопади.
Во јануари, рекордниот студ успеа да ги замрзне силните водопади во “поларен вортекс“ кој ја претвори каскадната вода во мраз- и беа погодени околу 240 милиони луѓе во САД и јужна Канада.