Детален преглед на разликите помеѓу новиот паметен телефон на Samsung и неговиот претходник.
Дали новиот Samsung Galaxy S5 е достоен за надградба над својот претходник, Galaxy S4?
Додека повеќето производители го одбраа металот како примарен материјал за нивните најдобри паметни телефони, Samsung остана одлучно посветен на пластиката (или ’поликарбонат’). Ова ги вклучува и Galaxy S4 и Galaxy S5- иако поновиот модел претставува дефинирана еволуција во градењето на квалитет и изглед.
Да, Galaxy S5 е направен од пластика, но матираното, чувството на мек допир е ниво над мазниот и сјаен екстериер на Galaxy S4. Исто така, поцврсто е изграден телефон во целост, со помалу крцкав флекс во него, и уште поважно, има целосна заштита од прашина и вода. Па пресудата тука е, Galaxy S5 е пластичен телефон- но многу подобра класа на пластичен телефон.
Додека имаше гласини дека Samsung ќе го опреми Galaxy S5 со 2560 x 1440 четириаголен HD екран, но како што се испостави компанијата останува заглавена со сигурни 1080p, што е сосема солидно за паметен телефон. Galaxy S4 исто така има 1920 x 1080 екран.
Двата екрани користат AMOLED технологија, но сеуште се нема можност да се споредат директно за да се види дали има забележително подобрување на квалитетот на сликата.
Батерија
И двата телефони имаат 2GB RAM меморија и изборни 16GB и 32GB место за складирање (исто така има 64GB Galaxy S4), но Galaxy S5 Galaxy S5 (очекувано) доаѓа со побрз процесор од претходниот телефон: четири јадрен Qualcomm Snapdragon 805 кој работи на 2.5GHz за разлика на Galaxy S4 четири јадрен Snapdragon 600 работејќи на 1.9GHz.
Во одност на траењето на батеријата, Galaxy S4 има 2600mAh моќна централа додека Galaxy S5 нуди 2800mAh. Со оглед на малку зголемениот екран и моќноста, можеме да замислиме дека животот на батеријата ќе биде доста сличен.
Камера
Камерата е уште една област каде Galaxy S5 нуди стабилно подобрување над својот претходник: наместо 13MP сензорот, има 16MP. И двете камери нудат 1080p видео, но Galaxy S5 ја нуди 4К опцијата како и поддршка од 120fps (со помала резолуција) за бавно снимање.
Samsung тврди дека автофокусот на камерата на Galaxy S5 е најбрз на било кој телефон во моментов на располагање (околу 0,3 секунди), исто така, има подобрен високо динамичен опсег на снимање.
Карактеристики
Samsung секогаш ги надградува своите Galaxy S телефони со интересни функции, и Galaxy S5 не е исклучок: најголемата нова доградба е скенерот на отпечатоци (полош од iPhone 5s, подобар од HTC One Max’s) и задниот монтиран монитор на срцеви отчукувања, кој работи со подобрена S Health апликација за подобрено фитнес следење.
Исто така нуди S Voice- барање активирано од говор на глас како Galaxy S4, како и истиот Smart Screen следење на очите и Air View следење на прстите способности кои дозволуваат брзо листање на фото галерии.
И двата делефони работат на Android 4.4 KitKat икористат Samsung’s TouchWiz UI корисничкиот интерфејс поставен на врвот.
Па, веројатно не треба да го прочитате овој дел за да знаете дека Galaxy S5 е подобар телефон од Galaxy S4- инаку Samsung не би го објавил. Претставната разлика може да изгледа прилично мала, но во смисла на карактеристики, дизајн и вграден квалитет Galaxy S5 е подобар од својот претходник.