Ако сте го гледале Шиндлеровата листа сигурно е на листата на еден од вашите омилени филмови.Оваа жена носи слична приказна, но за неа ретко кој слушнал дека постои.
Ирена Сендлер починала неодамна во 2008.година, а е родена на 15 февруари 1910, по потекло од Полска.
Таа во втората светска војна работела како мајстор во Варшава , а ја побарала оваа работа бидејќи имала цел да спаси многу Евреи и да му помогне на човештвото.
Тајно била организатор на детска секција, за спасување на Евреи, така што тајно ги изнесувала од едно гето во Варшава, им обезбедувала лажни документи и ги сместувала на сигурни места.
Ирена ги криела децата во кутијата со алати, која била сместена на задните седишта во автомобилот, како и една вреќа ( за поголемите деца).
На седиштето позади било и нејзиното куче, кое што било истренирано да лае, кога германските војници контролирале при влез и излез во гетото.
На војниците им пречело кучето кое со лаењето ги прикривало детските звуци и забрзаното дишење.
На тој начин, Ирена спасила 2.500 деца криејќи ги.
Кога ја затвориле, нацистите и ги скршиле рацете и нозете и страшно ја мачеле.
Ирена го сочувала пописот од сите детски имиња што успеала да ги спаси, во едно стаклено шише кое било закопано под едно дрво, во нејзината градина.
После војната се обидела да ги пронајде сите родители на спасените деца, за да ги соедини семејствата, но голем дел од нив веќе починале во логорите.
Нивните деца биле сместени во многу семејства или биле посвоени.
Таа во 2007. година била номинирана за Нобелова награда за мир, меѓутоа не ја добила. Истата година наградата отишла кај американскиот политичар Ал Гор за активизмот во областа на глобалното затоплување.