Заврши едно од најисчекуваните филмски моменти оваа година- доделувањето на Оскар наградите.
Доколку немавте прилика да го изгледате овој светски спектакал, овде на кратко можете да дознаете се што ве интересира за него. Овие се највпечатливите моменти од почеток до крај.
Елен имаше отварање со монолог во кој не го пропушти паѓањето на Џенифер Лоренс.
Џулија Робертс одлично се забавуваше и смееше на овогодинешните Оскари.
Водителката на шото, Елен ДеГенерис ги сруши рекордите со најсподелуваното selfie (2,294,034 до сега).
Елен огладне и порача пица за себе и за публиката.
Лупита Хуонго го доби Оскарот за најдобра главна женска улога- и беше пресреќна.
Иако Џенифер Лоренс не освои Оскар, нејзината појава, смисол за хумор и убавина е непресушен извор за медиумите.
Се пееше на сцената која изобилуваше со емоции- особено за време на изведбата на песната ‘Let it Go’ од филмот ’Frozen’.
А Пинг ја изведе “Somewhere Over The Rainbow.”
Филмот ’Gravity’ освои најмногу златни статуетки- дури седум.
Забележан е моментот кога Елен се појавува позади Лео и Сандра и ги престрашува.
Фарел ги размрда актерките со изведба на песната ’Happy’.
Елен стана Глинда.
Вупи ги покажа своите чорапи.
Оскари во сеќавање на Пол Вокер.
Џаред Лето победничкиот говор го посвети на својата мајка.
Метју Меконахи и неговата сопруга беа најслаткиот и најзаљубениот пар на вечерта.
Елен собира бакшиш за доставувачот на пица.
Стив Меквин навистина беше луд од среќа по добивањето на Оскарот за најдобар филм ’12 години ропство“.