Супер трик: Ослабете на наједноставен можен начин

Најновото истражување објавено во списанието Апетит, вели дека што подалеку се наоѓа храната од вас, толку помалку ја сакате. За да ја потврдат оваа теза, група истражувачи го спровеле следниов експеримент.

Собрале 56 учесници во една просторија и ги поделиле на две групи. На едната, храната и била на дофат на рацете, односно имале јаболки поставени точно пред нив, додека за другата група биле наменети пуканки, но оддалечени на седум чекори.

Добиениот резултат гласел дека иако пуканките се можеби попримамливи, сепак, учесниците порадо ја одбирале онаа храна која се наоѓа точно до нив, односно јаболките. Останатите одлучиле да не пробаат ништо, едноставно бидејќи не сакале да се поместуваат од веќе заземената местоположба.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Ова истражување истовремено сведочи и за мрзливоста на луѓето, односно дека генерално земено, луѓето се мрзливи суштества. Сигурно досега и вам ви се случило некогаш да се чувствувате гладни, но да ве мрзи да станете и да си приготвите нешто, па да одлучите да се воздржите од јадење.

Тргнувајќи од резултатите од ова истражување, во иднина обидете се во вашиот дом секогаш да имате овошни и зеленчукови пловодови кои ќе ви бидат на дофат.

- Реклама -