Најдобрите и најлошите лажговци во Зодијакот

Овен

Овните се неспретни и ретко лажат, што ги прави едни од најлошите лажговци во зодијакот. Импулсивно се впуштаат во лаги, но до степен на афект. Целосно ќе заборават што рекле и ќе добиете сосема нова верзија следниот пат кога ќе ги прашате за случката.

Бик

Лаже само во вонредни ситации, а неговите измислици се неважни и неконкретни. Кога лаже, често се служи со полувистини во кои и самиот е способен да поверува.

Близнаци

Тие се најголемите лажговци во зодијакот, а кога ќе се заколнат со наивен израз на лицето, можете да бидете сигурни дека лажат. Близнаците лажат најмногу за забава – глумата е само мала игра која никому нема да наштети.

Рак

Тешко е да го фатите во лага – има силна меморија и добро знае што и кого го излажал. Најчесто лаже за да им помогне на блиските.

know-someone-lying-800x800[1]

Лав

Лавот всушност не лаже, иако ги преувеличува своите доживување, создавајќи приказни со цел да ја доведе неговата стварност до степен на помпезност и значење.

Девица

Ретко лаже (можеби и најретко од сите знаци), но кога веќе ќе прибегне кон лагата, сета приказна е испланирана до најситен детал. Најчесто лажат за здравјето и работата.

Вага

Ќе ја избегнат лагата на секој можен начин, но тоа не значи дека ќе ја кажат вистината. Најверојатно ќе преќутат или ќе дискретно ќе ја променат темата, лубезно смешкајќи се. Кога се приморани, ќе излажат со цел да ги ублажат непријатните нешта.

Скорпија

Исто така уверлива – измислува безобразно и студено, но најчесто нема намера да наштети некому, туку само сака да ја провери туѓата интелигенција. На кратко, бара рамноправни личности, или уште подобро, предизвици.

lie
Стрелец

Вистината е неговото најсилно оружје, па се чувстува несигурен кога лаже. Заобиколува и црвенее, дури и се надева дека ќе го откријат, за да може да ја прекине глумата.

Јарец

Неговите лаги се добро смислени и секогаш поткрепени со алиби, разумни изговори и оправданија. Ретко лаже во афект и скоро секогаш лаже по план.

Водолија

Не преферира да лаже, но секогаш е спремна на компромис и „заташкување“ на вистината, доколку оцени дека така ќе спаси врска или пријателство и ќе избегне некој да биде повреден.

Риби

Мајстор е за лажење, но најчесто се работи за ситници од секојдневието и здравјето. Најчесто се користи со лаги кога сака да ги избегне обврските или да си го направи животот позабавен.

- Реклама -