Правилната исхрана помага при справувањето со високиот холестерол кој е најмногу ризичен за кардиоваскуларните заболувања. Покрај советите од докторите, и самите можете да воведете нови промени во исхраната, што позитивно ќе влијаат по здравјето.
Намирниците во продолжение се препорачуваат за оние што имаат проблеми со холестеролот.
1. Ореви
Повеќето јаткасти плодови, вклучувајќи ги бадемите, оревите и лешниците се одлични за намалување на зголемениот холестерол, но пожелно е да се избегнуваат солените варијанти, особено ако имате висок крвен притисок.
Според една студија направена во САД, осум до десет ореви дневни го намалуваат вкупниот холестерол за 5 отсто.
2. Маслиново масло
Содржи мононезаситени маснотии што не го намалуваат нивото на холестерол, но ниту го зголемуваат. Ги зајакнува ѕидовите на артериите што значи дека ќе бидат помалку оштетени од влијанието на холестеролот. Пожелно е секој ден да се употребуваат по две лажици маслиново масло.
3. Јогурт
Многубројните студии покажаа дека јогуртот содржи состојка наречена стерол што го намалува нивото на холестерол за седум до десет отсто за само три недели. Затоа е добро покрај секој оброк да се консумира по една чаша јогурт.
4. Соја
Ако ги замените млечните преработки со производи од соја, значително ќе го намалите нивото на „лошиот“ холестерол. Експертите советуваат дека за најдобри резултати е пожелно дневно да се консумира по половина литар млеко од соја.
5. Природни влакна
Растенијата содржат влакна што го врзуваат холестеролот за себе, а потоа го исфрлаат преку столицата.
Затоа е корисно со секој оброк да се јаде леб од интегрални житарки и исхрана збогатена со свежо овошје и зеленчук.