Програмче детектира кога сте заспале за да го паузира филмот!

Општо, сите hackathon-они се едноставно неверојатни. Тие ги охрабруваат програмерите во компаниите да создаваат уште полуди и пооткачени работи од оние кои ги прават вообичаено, а токму вакво нешто добивме и од 24-часовниот Hack Day на Netflix.

Од овој hackathon произлезе и програмата која ги користи информациите од Fitbit за да одреди кога сте заспале додека сте гледале некој филм и го стопира самиот филм токму во моментот (до кадарот) во кој смета дека сте заспале!

Но, тоа не е се! Создадени се и плејлисти кои можете сами да ги формирате и прилагодувате за да можете да премотувате напред и назад помеѓу најразлични шоуа и филмови без да имате потреба константно да одите на back копчето за да прегледувате што се се случува во филмот.

Прочитајте и:  Ако сакате да спиете подобро, консумирајте ги овие намирници и пијалоци пред спиење

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -