Истражувачкиот институт за транспорт во Мичиген (UMTRI) објави интересна листа на најопасните и најбезбедните патишта во светот. Истражувањето е направено врз основа на податоци за сообраќајни незгоди, земени од Светската организација за здравствена заштита.Специјалистите за оваа цел го зеле во предвид и бројот на загинатите при сообраќајките, во однос на бројот на населението во таа земја.
Врз основа на овие податоци е составена и соодветна листа. Земјите со најопасни патишта се главно од Африка и од Блискиот Исток. Не се малку поопасни ни оние во Азија и Јужна Америка. За среќа Македонија не спаѓа во оваа категорија, но за жал нашата земја не и во пласманот меѓу првите 10 на оние со најбезбедни патишта. Сепак, Македонија е виско рангирана на 19-тото место со само 6 загинати на 100.000 жители.
Државата со најопасни патни патишта е Намибија. На 100.000 лица од населението при сообраќајни несреќи загинале 45. Следува Тајланд со 44 загинати во несреќи на 100.000 жители, а следат Иран, Судан и Свазиленд.
Еве ја листата на 10-те земји со најопасни патишта.
1 . Намибија – 45
2 . Тајланд – 44
3 . Иран – 38
4 . Судан – 36
5 . Свазиленд – 36
6 . Венецуела – 35
7 . Конго – 34
8 . Малави – 32
9. Доминиканска Република – 32
10 . Ирак – 32
Статистиката продолжува во спротивна насока, во која се наведени земјите со најмалку загинати во сообраќајни незгоди на 100.000 лица од населението. Изненадувачки првата позиција на овој рејтинг е Малдиви, кои се следени од Таџикистан и Малта.
1 . Малдиви – 2
2 . Таџикистан – 3
3 . Малта – 3
4 . Фиџи – 4
5 . Маршалски Острови – 4
6 . Израел – 4
7 . Тонга – 4
8 . Антигва и Барбуда – 4
9 . Холандија – 4
10 . Швајцарија – 5