Жената никогаш не е премногу, а ни премалку дотерана кога носи мал црн фустан, се зборовите на францускиот дизајнер Карл Лагерфелд со кои ја опишува едноставната убавина на ова задолжително парче облека за секоја жена.
Ако во минатото малиот црн фустан бил обичен модел со должина до колената, денес тој може да се најде во најразлични варијанти. Иако ова основно парче облека добро им прилега на сите жени, сепак потребно е да се избере вистинскиот модел според градбата.
Жените кои сакаат да ги истакнат своите облини треба да носат модел со карнери или колан околу стуркот. Девојките со полна фигура треба да одберат повеќеслоен фустан од тешки материјали со долги ракави, а послабите, пак, може да си дозволат минијатурен модел со една прерамка.