НАСА објави фотографија од источна Азија направена од вселената, која ги прикажува поголемиот број држави осветлени со ноќни светилки. Единствен исклучок е Северна Кореја, која речиси целата е во мрак.
Во споредба со соседните земји, Кина и Јужна Кореја, Северна Кореја изгледа како дел од морето. Фотографијата која ја направиле астронаутите од Меѓународната вселенска станица, укажува на тоа дека оваа изолирана држава има големи проблеми со електричната енергија.
Светла, во земјата каде што живеат повеќе од 24 милиони жители, се гледаат само во главниот град Пјонгјанг.
Градот од вселената изгледа како еден мал остров во океанот.