Состојки:
8 батаци,
6-8 компири,
5-6 моркови,
сол,
бибер,
5 главички кромид,
1 лажичка бибер,
1 лажичка буковец,
3-4 лажици маслиново масло
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Ставете на тепсијата фолија за печење.
Измијте го и исчистете ги компирот и морковите и исечете ги на поголеми парчиња. Исушете.
Измијте го пилешкото под вода, па и тоа дозволете да се исуши.
Ставете ги компирот, морковот и пилето во тепсија, посипете сол, бибер и буковец, како и изгмечениот кромид.
Прелијте со маслото и промешајте го сето тоа.
Печете еден час и 15 минути во рерна, а притоа со вилушката проверувајте колку е мек компирот и дали е пилешкото готово.
Ако се уште не се готови, зголемете ја температурата и печете уште 5 минути, но внимавајте да не загори.
Ова јадење идеално одговара со бело вино.
Сервирајте.