Птица во лет му ја проби авионската шофершајбна (видео)

Замислете: летате со вашето авионче и се фино и убаво. И тогаш, птица удира во шофершајбната…

Баш тоа неодамна му се случило на пилотот Роберт Вебер. Птицата го пробила предниот прозорец на авионот и удрила право во лицето на Вебер. Сето ова се случувало при брзина од 273 километри на час, на височина од 304 метри. За среќа, пилотот веднаш ја контактирал контролата на летање и успеал безбедно да го приземји авионот.

„Не ја ни забележав птицата пред да удри во шофершајбната. Таа некако успеа да го промаши пропелерот и заврши заедно со мене во кабината. А потоа излета“.

Еве како изгледа сето тоа на камера:

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

 

- Реклама -