Седум најчести женски лаги

Секој лаже, некој признава. Лажат и оние на кои им верувате… сопругата, на пример. Според една студија на тексашкиот А&M Универзитет, луѓето признале дека го лажат или подлажуваат партнерот дури третина од времето. Бројката на лаги опаѓа штом стапат во брак – една десетина од времето, што повторно значи дека има добри шанси вашата избраничка/избраник да не ви ја кажува вистината, речиси на дневна база.

Тогаш, зошто лажеме? При рака го имаме одговорот за женската половина, барем според Сузан Шапиро Бараш. Таа е автор на книгата „Little White Lies, Deep Dark Secrets: The Truth About Why Women Lie“ во која објаснува дека лажењето кај жените има голема врска со тоа како е вмрежен (поврзан) женскиот мозок:

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

„Жените мерат што ќе добијат, а што ќе изгубат, кога се искрени, наспроти кога лажат. Често, тие заклучуваат дека „добрите лаги“ им користат повеќе отколку вистината“.

o-DIVORCED-LIE-facebook[1]

Дополнително, Шапиро наведува седум најчести лаги кои вашата партнерка/сопруга ги употребува кога мисли дека не внимавате:

  • „Фустанот беше на распродажба/попуст“.
  • „Твојот пенис е најголемиот што сум го видела“.
  • „Имам спиено само со двајца“.
  • „Не сакам ништо за годишнината“.
  • „Не брзам да имам деца“.
  • „Воопшто немам проблем со твоите вечери поминати со пријателите“.
  • „Не би сменила ништо кај тебе“.

 

- Реклама -