Колку килограми е нормално да се здебелите во текот на бременоста?

Качувањето на килограми во бременоста е индивидуално. Бремените жени во  просек „качуваат“ помеѓу 8 и 16 килограми.

 Најопшто килограмите се распределуваат на следниов начин:

1 – 2 кг во првите 3 месеци, околу 4 килограми во вториот квартал и околу 6 килограми во последните 3 месеци.

Од 5-тата гестациска недела тежината на бремената жена се зголемува со околу 300 г.  неделно.

Од 21-вата до 27-мата гестациска недела тоа треба да се зголемува со не повеќе од 500 г неделно.

Во последните две недели пред породувањето тежината на идната мајка може да опадне.

 

Дополнителните килограми зависат од телесната тежина на идната мајка пред бременоста, имено:

– тежина под нормалата: 13 – 17 кг ;

– нормална тежина: 14 – 16 кг;

– тежина над нормата: 6 – 14 кг;

– бремена со близнаци: 16 – 18 кг.

 

 Тежината на бремената се распределува на следниов начин:

– тежина на бебето – од 3 до 4 килограми;

– тежина на плацентата – од 500 до 700 г;

– тежина на амнионската течност – од 700 до 900 г;

– тежина на матката – од 800 г до 1 кг;

– тежина на градите – од 400 до 800 г;

– тежина на крвната маса – од 1 кг до 1,8 kg;

– тежина на водата – околу 1 кг;

– тежина на лојот – околу 3 кг.

- Реклама -