Книги што најмногу се цитираат, но ретко се читаат

На врвот на листата на најцитираните романи што ретко се читаат е „1984“ на Џорџ Орвел. Понатаму „Војна и мир“ на Лав Толстој и „Големите очекувања“ на Чарлс Дикенс.Едно неодамнешно истражување, чии што резултати беа објавени во британското списание Гардијан, покажа дека речиси 60 отсто од испитаниците  излажале дека прочитале некое класично дело за да изгледаат повеќе паметно и образовано.

За да ги залажат своите соговорници, лажните читачи најчесто се наслонуваат на филмската екранизација или скратената содржина што ја пронашле на интернет.

На врвот на листата на најчитани романи, што ретко се читаат е 1984 на Џорџ Орвел. Понатаму следуваат Војна и мир и Големите очекувања.

На четврто место е Игра во ‘ржта од Селинџер, а на петтото Патот за Индија од Е.М. Форстер.

Преостанатите пет места на списокот ги завземале романите Господарот на прстените, Да ја убиеш кукавицата од Харпер Ли, Злосторство и казна на Достоевски, Гордост и предрасуди од Џејн Остин и Џејн Ејр од Шарлот Бронте.

Хомеровата Одизсеја и библијата не спаѓаат во „Топ 10“, но исто така честопати се цитираат, но речиси никогаш не се читаат.

- Реклама -